Ќе гледаме ли нов кoнфлиkт на Балканот – која светска cила сака да го повлече НАТО и УНМИК од Косово



Неименувана светска сила испратила барање за повлекување на силите на НАТО – КФОР и УНМИК од Косово, објави српскиот претеседател Александар Вучиќ, додавајќи дека ќе бара интервенција од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Според Вучиќ, повлекувањето на силите на НАТО и мировната мисија на ОН од Косово ќе биде „апсолутна катастрофа“.

„Не знам дали се свесни што ова ќе значи и сум многу загрижен“, изјавил Вучиќ пред новинарите во Белград. Вучиќ вели дека информацијата е од разузнавачки извори, одбивајќи да даде дополнителни коментари.

Вучиќ вели дека властите во Приштина планираат годишен буџет од 100 милиони евра за Косовската армија, кој секако не е споредлив со тој на Србија.

„Тоа не нѐ плаши. На нас останува да го зачуваме мирот и да имаме силна армија“, додава српскиот претседател.

Белград се спротивставува на повлекувањето на КФОР бидејќи Србите на Косово не веруваат во локалните сили кои се составени од бивши припадници на УЧК.



извор: инфомакс


29060043_2016680208590936_36926234558838