„Чист Драгор за чиста Битола“, проект поддржан од Швајцарската агенција за развој



Проектот „Чист Драгор за чиста Битола“ е дел од Иновативните иницијативи поддржани од Швајцарската агенција за развој и имплементирани од ИФЕС и НМСМ.


На прес-конференцијата одржана од Марко Јосифовски, имплементатор на Иновативната иницијатива „Чист Драгор за чиста Битола“ – ги презентира клучните наоди од анкетата спроведена во рамки на Иновативните иницијативи.


Јосифовски објави информации за ставовите на граѓаните во врска со нечистотијата во реката Драгор. Значајно е да се каже дека според 76,5% од испитаниците, надлежните не преземаат доволно за чистење на реката.


Решенија за справување со овој проблем постојат. 88.9% од испитаниците, сметаат дека изградба на пречистителна станица и колекторски системи ќе доведе до напредок на квалитетот на водата. Некои од испитаниците сметаат дека потребно е и зголемено екипирање на комуналната хигиена, организирани еко-патроли, како и сеопфатен пристап на сите граѓани и институции.


Според последно истражување кое го изработивме со специјализирана организација, 89% од граѓаните кои ги анкетиравме сметаат дека водата во реката е загадена.


Тоа значи дека одговорност мора да се бара и од локалната и од централната власт која е надлежна во оваа област.


Почитувани,

Обврска за заштита на животната средина имаме сите. Промени во работењето на сите засегнати во заштита на чистата вода за пиење, реките, и целокупната животна средина е од исклучително значење за сите граѓани.


Повеќе информации од анкетата и истражувањето погледнете во продолжение:






29060043_2016680208590936_36926234558838