Директорка на училиште во Карпош кренала паника: Пронашле оружје и рачни бомби во училиште



Директорка на училише во скопската општина Карпош лажно алармирала дека во подрумот од училиштето имало бомби и друго оружје, откако полицијата констатирала дека тоа се училишни реквизити.


„Вчера во СВР Скопје, Т.С., директорка на училиште на подрачјето на Карпош, пријавила дека додека расчистувале просторија во училиштето заедно со вработениот М.Н.(43), пронашле 44 куршуми калибар 7х9, 3 рачни бомби м75 и седум алатки за активирање на мини, кои се подигнати од полициски службеници од Единицата за антитероризам при МВР, при што било констатирано дека станува збор за школски предмети“, соопштуваат од полицијата.


По повикот од страна на директорката, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.


извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838