ИСТРАЖУВАЊЕ: ПОТРЕБНИ СЕ РЕШЕНИЈА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО НЕЧИСТОТИЈАТА ВО РЕКАТА ДРАГОР - ФОТО



Проектот „Чист Драгор за чиста Битола“ е дел од Иновативните иницијативи поддржани од Швајцарската агенција за развој и имплементирани од ИФЕС и НМСМ.


На прес-конференцијата одржана од Марко Јосифовски, имплементатор на Иновативната иницијатива „Чист Драгор за чиста Битола“ – ги презентираше клучните наоди од анкетата спроведена во рамки на Иновативните иницијативи.


Животната средина во Битола е загрозена, а нечистотијата на водата во реката Драгор е еден од најголемите виновници на тоа. Во Битола постојано гледаме отпад, шут, ѓубре и нечистотии во реката. Тоа се должи на негрижата на надлежните, но и во огромна мера на немањето свест кај граѓаните дека реката не смее да служи како градска депонија.


Според последно истражување кое го изработивме со специјализирана организација, 89% од граѓаните кои ги анкетиравме сметаат дека водата во реката е загадена.


Очигледно е дека надлежните лица не се справуваат со овој проблем кој е многу значаен за граѓаните. Според испитаниците, 76% сметаат дека надлежните не се справуваат со овој проблем на адекватен начин. Тоа значи дека одговорност мора да се бара и од локалната и од централната власт која е надлежна во оваа област.


Јасно е, дека ваквата ситуација ни штети на сите, но најмногу на развојот на туризмот во Битола, но и на сите земјоделци и производители на храна кои ги наводнуваат своите посеви од водата во реката. Повеќе од 75% од анкетираните граѓани на Битола, сметаат дека чистотата на реката ќе има влијание кон подобрување на туризмот во Битола.


Решенија за справување со овој проблем постојат. 88.9% од испитаниците, сметаат дека изградба на пречистителна станица и колекторски системи ќе доведе до напредок на квалитетот на водата. Некои од испитаниците сметаат дека потребно е и зголемено екипирање на комуналната хигиена, организирани еко-патроли, како и сеопфатен пристап на сите граѓани и институции. Младите пак, веруваат на кампањи и еко акции кои во понатамошниот период ќе ги спроведуваме.


Почитувани,

Обврска за заштита на животната средина имаме сите. Промени во работењето на сите засегнати во заштита на чистата вода за пиење, реките, и целокупната животна средина е од исклучително значење за сите граѓани.


29060043_2016680208590936_36926234558838