СКАНДАЛ: КРАЖБА ВО МУЗЕЈ БИТОЛА ИНСТИТУЦИЈАТА МОЛЧИ И КРИЕ ДАЛИ Е УКРАДЕН РЕВОЛВЕРОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ?



Последниве денови, битолчани се прашуваат: „Што бараат инспектори на МВР во Музејот- Битола? Наша екипа се обиде да истражи и резултатите беа фрапантни.

Пела Нет дознава дека инспекторите на МВР Битола, последниве неколку денови, вршеле чести посети на Музејот, заради кражба на артефакт- пиштол од посебно значење.

Пред неколку денови, од просториите на Националната установа „Музеј и завод“ од Битола, бил украден пиштол со историска вредност. Низ битолската чаршија се шпекулира за сторителот и за неговите мотиви.

Не можевме да дојдеме до детали за настанот бидејќи во полицискиот Билтен нема таква информација, а нема ни обраќање од директорката на Музеј и завод- Мери Стојанова, која би требало, како раководител на институција од јавен интерес, да ја информира јавноста и да понесе одговорност за своето несовесно раководење. Да ја потсетиме директорката дека сѐ што се случува во институцијата е нејзина одговорност, која треба да ја поднесе пред јавноста и пред Министерството за култура. Не само тоа, туку, како што се зборува, неколку денови директорката била недостапна за било какви информации, дури и за полицијата.

Не можеме, а да не се запрашаме:

  1. Зошто директорката го премолчува и со сите напори го крие овој случај на кражба?

  2. Ако случајот го нема во полицискиот билтен, дали тоа значи дека сеуште трае истражната постапка?

  3. Дали пиштолот е пронајден?

  4. Ако е пронајден, дали тоа е навистина украдениот пиштол?

Премногу прашања од граѓаните, а целосен молк и заташкување од страна на музејот, директорката и менаџерскиот тим. Чекаме поконкретни информации и секако, одговорност од сторителите и од директорката како одговорно лице и законски застапник на институцијата.



извор: пела нет

29060043_2016680208590936_36926234558838