Пендаровски треба да го врати на доработка Законот за дивоградбите


Голема грешка е Законот за легализација на дивоградбите и уште поголема членот 41. од тој закон со кој се запираат кривичните постапки против оние што беа свесни дека прават кривично дело со градење без градежна дозвола. Гордана Силјановска овој пат е во право и штета што ниту еден пратеник од СДСМ не се спротивстави на овој чин на “заеднички договор за непочитување на законите и на правната држава”.

И да се поништи и да не се поништи од овој закон штета ќе има пред се СДСМ не смееше да дозволи со еден ваков чин да им даде за право на оние што се обидуваат да докажат дека е ист со ВМРО.

Користа што можеби некој ја пресметал за општините пред локалните избори, од легализацијата преку наплатување на 50% повисоки давачки за легализирање на дивоградбите, ќе биде многу помала од штетата што се прави со пораката “градете на диво, кога и да е, тоа ќе се легализира” и од скриената амнестија што ја изнудиле од ВМРО.

Пендаровски треба да го врати тој закон на доработка и освен бришењето на членот 41, има добри идеји од разни страни како може да се дозволи легализација само на дивоградби кои не ги нарушуваат суштествено ниту ДУП овите ниту ГУП от и не ги загрозуваат заштитените зони и националните паркови.

Се друго ќе биде погубно пред се за СДСМ и ќе ја зајакне улогата Левица и на малите партии што не гласаа за овој закон.

Уставниот суд би можел со голема леснотија да го укине овој закон а тоа би бил дополнителен пораз за СДСМ.


извор: фокус


29060043_2016680208590936_36926234558838