Камер Идризи – познат на МВР бил едно од лицата врз кои беше пукано во „Александар Палас“


Камер Идризи, роден во 1978 година е лицето кое вчера загина во престрелката во скопски Бутел 2, јавува „А1он“ повикувајќи се на информации од доброупатени полициски извори. Станува збор за лице кое ѝ е познато на полицијата, а според порталот, во престрелката тешко повреден бил неговиот внук.

Убиството се случи доцна синоќа на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски Карпош“. Од возило во движење било пукано во автомобил марка „голф“ во кое се превезувале Идризи и неговиот внук.

Според објавите во медиумите, пукано било од возило марка „ренџ ровер“, а испукани биле дури 90 куршуми.

Идризи бил едно од лицата врз кое беше пукано во хотелот „Александар Палас“ во 2019-та година. Тогаш напаѓачи со автоматско оружје и фантомки на лицето упаднаа во хотелот, а поголеми последици врз нападнатите спречил полицаец во цивил кој во тој момент седел на истата маса со нападнатите. Полицискиот службеник пукал во напаѓачите во самоодбрана, а тогаш нападната група беше од скопско Грчец. Во текот на денот се очекуваат детали за вчерашната престрелка која ги вознемири граѓаните на Скопје.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838