Младите од Охрид сакаат да учествуваат во креирање политики


Во рамки на проектот „Охрид 2024“, организиран од страна на Александар Здравевски се предвидоа 3 работилници со млади луѓе, и изработка на студија за политики за млади на локално ниво.


На работилниците повеќе од 60 млади луѓе дискутираа за влијанието и учеството на млади во изградба на здрав и чист Охрид. На останатите работилници, во присуство на пратеници од македонското собрание, се разговараше за можностите за вработување и образование на младите во Охрид. Младите споделија многу идеи, предлози, сугестии и критики. Понатаму, се предложија и идеи за подобар Охрид во областа на спортот и културното живеење.


Студијата ги анализираше сите овие аспекти, но понуди и предлог-решенија. Некои од позначајните се: етно-туризам со изградба и реконструкција на ресторани и соби за сместување во рурален етно стил, еколошки акции на млади и познати Охридски идоли за чистење на Охридското езеро, како и подобро брендирање на Охрид.


Студијата за младински политики ги вклучи сите овие идеи, но и предложи аналитички пристап за сеопфатно решавање на најзначајните потреби на младите. Унапредувањето на состојбата за младите е клучно за подобрување на демографската слика во државата. Ако на младите лица им бидат понудени политики кои вистински ќе значат подобрување на нивниот живот, тие се помалку ќе размислуваат на отселување од Македонија. Истата е веќе ставена на располагање на сите носители на одлуки во Охрид, а достапна е и на следниот линк ТУКА.


Проектот „Охрид2024“ е дел од Иновативните иницијативи поддржани од Швајцарската агенција за развој и спроведени од ИФЕС и НМСМ.


29060043_2016680208590936_36926234558838