Следуваат четири споени викенди


Четврток, 13 мај, односно празникот Рамазан Бајрам е следниот неработен ден за сите граѓани во Македонија. До крајот на годинава остануваат уште 4 продолжени викенди во кои ќе уживаме. Еден од нив имаме и во месец мај. Празникот Свети Кирил и Методиј оваа година паѓа во понеделник и со тоа се добива споен викенд.

Споени викенди ќе имаме и во јуни, август и октомври. Ова се останатите неработни денови до крајот на годината:

За сите граѓани на РМ • 13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, • 24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, • 02 август (понеделник), Ден на Републиката, • 8 септември (среда), Ден на независноста, • 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание, • 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба, • 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”, За граѓаните од православна вероисповед • 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, • 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед • 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци, • 25 декември (сабота), првиот ден на Божик. За граѓаните од муслиманска вероисповед • 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам, За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ • 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука, За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ • 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур, За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ • 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ • 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик

29060043_2016680208590936_36926234558838