Се бришaт турското poпство и „Македонско девојче“, едното пpeдизвикувало нacилcтво

Неофицијално, во новата наставна програма како изборен предмет ќе биде предвидена јогата, открива наставничка во скопско училиште. Исто така, како што вели таа, турското, односно османлиското ропство нема да биде дефинирано како ропство, туку како османлиско царство, бидејќи зборот ропство кај децата развивал насилство. Исто така, познатата македонска народна песна „Македонско девојч“е ќе се повлече од наставната програма бидејќи предизвикувала полова нееднаквост според новитетите што ги спремаат.


Велика Стојкова Серафимовска коментирајќи ги овие измени во наставната програма посочи дека министерката Мила Царовска, со наметнување на нејзините ставови, а под превезот на борба против било каква дискриминација, всушност ги дискриминира сите оние кои размислуваат поинаку од неа.


„Самата таа, на начинот на којшто се однесува ни наметнува нејзино мислење, нејзини ставови, односно ставови на владата, Зоран Заев. Го наметнува таа, којашто се бори против родови или било какви дискриминации, ги дискриминира сите оние кошто мислат поинаку од неа. И сега кој е тука силувачот? Кога некој оди против сите, и кога не убедува од позиција на моќ, бидјќи таа е министер. Од позиција на моќ кога некој те убедува да правиш нешто спротивно на твоите убедувања, спротивни од убедувањата на околината, кој е силувачот и кој е тука дискриминаторот? И како децата, коишто немаат средства, да обновуват талети, да обновуваат компјутери. Дали Мила воопшто била во руралните средини во Македонија да види во какви училишта, во какви услови учат“, вели Стојкова Серафимовска.



извор: инфомакс


29060043_2016680208590936_36926234558838