ВМРО ДПМНЕ: Бараме утврдување на национални црвени линии во Парламентот за идентитетот и јазикот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски бара од собранието утврдување на националните црвени линии во парламентот за идентитетот и јазикот. Тимчо Муцунски за емисијата „24 анализа“ вели:

-Имаше колективна акција за брусење шахти низ државата. Сега јас не можам да верувам на премиерот, кој што изјави дека нема да се откажеод идентитетот и јазикот, притоа неспицифирајќи дали тука мисли и на историјата, тотално занемуварајќи го прашањето за националните малцинства, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, ние ѝ создадовме основана на Бугарија дека имаме пракса на попустлива надворешна политика и дека нашата држава е подготвена да преговара за се. -Ако се согласиме дека не преговараме за јазикот, историјата, идентитетот и националното малцинство, дајте земјата да воспостави национални црвени линии во Парламентот, со што ќе бидат полесни позициите на нашата држава при евентуална потреба од една форма на дијалог, потенцира Муцунски, додавајќи дека изјавите на премиерот Заев дека нема преговарање за идентитетот и јазикот не се доволни.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838