СОФИЈА: Просечната плата е над 1.000 евра


Жителите на бугарската престолнина можат да се пофалат со солидни плати. Просечната плата во Софија надмина 1.000 евра.


Граѓаните на Софија, како што јави дописникот на МИА, добиваат повеќе од 560 лева (280 евра) во споредба со просечната плата во Бугарија, која за декември 2020 година беше 1.468 лева (735 евра).


Личните приходи во Бугарија имаат просек од околу 1.140 лева (620 евра), што значи дека оние што работат во главниот град заработуваат во просек 77 отсто повеќе. На второ место е Враца, каде луѓето во просек земаат по 1.397 лева (716 евра). Враца е на второто место поради отворањето фабрики за производство на електроника за автомобили. Третото место е за областа на Софија со 1.346 лева (690 евра). Причината за ова е што многу луѓе од овој регион работат во главниот град на Бугарија и компаниите во оваа област исто така плаќаат поголеми плати за да ги задржат вработените. Округот Видин е на последното место со плати од 952 лева (488 евра). Сепак, ако се зема в предвид дека Бугарија е дел од ЕУ, во европското семејство тие заедно со Романците и Хрватите имаат најниски приходи.


gif

извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838