О2 Иницијатива: Пратениците си го изгласаа новиот закон за легализирање на секакви можни дивоградби

Oд О2 Иницијатива реагираат дека пратениците си го изгласале новиот закон за легализирање на секакви можни дивоградби. Велат дека со ова слободно може да биде погребана правната држава.

-Од хациенди, базени, доградби, надградби, гаражи, остави, во заштитени подрачја и вон нив, насекаде, онаму каде првиот закон застана, на 3.3.2011, сега сè ќе се легализира со новиов закон каде рокот е кога ќе стапи на сила. Значи има уште време да си доизградите на диво пред да поднесете барање да ви се легализира. Ова на предлог на ВМРО-ДПМНЕ се додаде и се усвои, инаку ќе беше за дивоградби изградени до 1.10.2019. Со овој закон се запираат сите постапки за рушење на дивоградби и сите поврзани управни и судски постапки. Да, тоа значи и ако има кривични пријави, и тие се стопираат. Пратениците од Комисијата за транспорт, врски и екологија, со исклучок на претеничката на ДОМ, само пред неколку дена усвоија и измена со која законов нема рок на важење од 7 години, туку ќе важи додека сите постапки не се завршат, колку и тоа долго да трае. Истовремено и на стариот закон, чија важност истече на 3.3.2021, му го тргнаа рокот на важење, па и тој е на сила до недоглед, стои во објава.

извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838