Блиц: ЕУ ја „пушта Македонија низ вода“


Европските официјални лица испратија мешани пораки во врска со проширувањето на Унијата кон Албанија и Македонија, двете балкански земји кои досега го одеа процесот, анализира Блиц.рс. Минатата недела, комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, ја отвори можноста за раздвојување на Тирана и Скопје во процесот на проширување на европскиот блок, доколку Македонија не го реши билатералното прашање со Бугарија, што значи дека Албанија може да биде поканета да започне преговори без нејзиниот источен сосед, што предизвика загриженост во Скопје.

Бугарија стави вето на почетокот на пристапните разговори со Македонија кон крајот на 2020 година за историски и јазични спорови.

Следејќи ги коментарите на Вархеји, министрите на Германија и Словачка рекоа дека нивните земји ги поддржуваат плановите Македонија и Албанија да започнат заедно преговори за членство во јуни, објави „Интеллинеуз.ком“.

– Германија ја поддржува целта на португалското претседателство со ЕУ да ги одржи првите конференции за пристап со Албанија и Северна Македонија во јуни. Двете земји ги исполнија бараните реформи – сега ЕУ треба да ги исполни своите. „Понатамошното одложување го поткопува кредибилитетот на ЕУ и стабилноста во регионот, истакна во петокот на Твитер министерот за надворешни работи на Германија, одговорен за ЕУ, Михаел Рот.

Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро ја потврди изјавата на Вархеји дека Скопје и Тирана би можеле да се разделат во пристапниот процес, доколку не се најде решение меѓу Македонија и Бугарија. Таа рече дека ЕК смета дека двете земји се подготвени да започнат преговори, но дека одлуката ја носи Советот и дека нивното распаѓање е една од опциите.

– Ако не се постигне договор за Северна Македонија, тогаш таа опција мора да се разгледа, посочи Писонеро, потсетува Блиц.рс. Целата анализа на Блиц.рс.

29060043_2016680208590936_36926234558838