Царовска не им одговори, родителите излегуваат на протести низ Македонија

Групата „Учебници и настава мора да има“ денес објави дека откако изминал рокот за одговор од Министерствотото за образование и наука, тие ќе почнат организирани протести низ Македонија. Драган Спасевска, координатор на Групата, на фејсбук информираше дека вчера до крај на работното време, не добиле официјален одговор од МОН за нивните барања, ниту пак го добивле записникот од средбата одржана минатата недела.

– Затоа, остануваме доследни на нашите ветувања пред граѓаните дека продолжуваме со битката и ќе се бориме до крај против донесувањето на Законот, користејќи ги сите начини и средства загарантирани со законите во Македонија. Следните чекори се организирање мирни протести во градовите низ Македонија и мирен марш во Скопје, информираше Спасевска.

По оваа најава, МОН испрати соопштение во кое се вели:

– Важно е да се напомене дека дигитализацијата на материјалите за учење се воведува етапно. Започнува со четврто одделение наредната учебна година, а секоја наредна ќе се опфаќа ново повисоко одделение и ќе се заокружи во следните 5 до 6 години. Законското решение предвидува за учениците кои се од социјално загрозени семејства и немаат уреди за учење од дигиталните учебници, како и за учениците кои поради попреченост имаат потреба од уреди или помошна технологија, училиштето е должно да обезбеди услови за секој ученик да има пристап до употреба на учебник. Ова значи дека МОН не ги прифати барањата на иницијативата за повлекување на предлог законот за учебници и негово ревидирање преку јавна дебата.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838