Артан Груби се понуди да ја coветува Грузија за реформи во пpaвосудството

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денес беше домаќин на грузиската претседателка Саломе Зурабичвили, која е во официјална посета на земјава.

Како што информираат од кабинетот на Груби, интеграцијата во НАТО и процесот на интеграција во Европската унија биле една од темите на разговорот.

„Република Македонија е подготвена да понуди помош од своето искуство на патот кон НАТО и да сподели искуство во делот на реформите што се бараат во процесот на пристапување кон Европската унија“, нагласил Груби.

Политичката состојба во Грузија, односите со соседните земји, вклучително и Русија, конфликтите во Украина и Нагорно Карабах исто така биле дел од разговорот меѓу првиот вицепремиер и грузиската претседателка.

„Република Македонија ќе понуди соработка во процесот на реформите што треба да се направат во Грузија, вклучително и во областа на правдата, судството и обвинителството, како и безбедносните структури“, порачал Груби.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838