Орвел ни се случува сега и овде

Квислинзиве на власт можат и без македонски јазик и без историја, констатира Тасевски. Е сега, по изјавата на една професорка дека зборовите Циган, Циганче се исфрлени од толковниот речник „за мир у куќа“, по притисок на владата и по изјавата на друга професорка дека само на едно место претходно биле исфрлани зборови од речник и тоа во роман, во орвеловиот „1984“, може да констатираме дека Орвел ни се случува во сега и овде, коментира актерот Сашо Тасевски.

Замислете од Владата побарале да се исфрлат за мир у куќа. Поточно ги исфрлиле за љубов на гласовите од Шутка на локалните избори, а и како вратка за тоа што гласаа на референдумот за промена на името на државата.Тоа е за нив мир у куќа. Мир у куќа, гласови на сметка. Наука?

А бе каква наука. Квизлинзиве на власт можат и без македонски јазик и без историја и без речници и без учебници и без наука.

Само не знам зошто сега вие македонистите не излезете на масовни протести. Ние одма ќе ве поддржиме, порача Тасевски.

извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838