СКОКААТ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА: Еуросупер БС-95 оди нагоре за 1,5, другите горива за еден денар

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со којасе врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,88 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар/литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,800 ден/кг и сега ќе изнесува 35,243 ден/кг. Од 11.5.2021годинаод 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат. Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 68,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 70,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 60,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 59,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 35,243 (денари/килограм) Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 4,035 отсто, дизелот за 3,187 отсто, екстра лесното масло зголемувањето е за 3,463 проценти и кај мазутот за 2,956 отстоп.

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте повисокза 0,160 отсто.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.5.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторната комисија за енергетика.


извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838