Катица Јанева не дојде на судењето во Апелационен суд

Пред почетокот на судењето, судечкиот совет наведе дека поради здравствени причини таа не е во можност да присуствува на јавната седница.

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која беше осудена во случајот “Рекет”, денеска не дојде на јавната седница во Апелациониот суд за да ја презентира жалбата на пресудата со која беше осудена на казна затвор од 7 години, објави Сител.

Пред почетокот на судењето, судечкиот совет наведе дека поради здравствени причини таа не е во можност да присуствува на јавната седница.

Присутни се само нејзините адвокати: Дељо Кадиев, Ирена Фрчковска,а дел од адвокатскиот тим е и синот на Јанева, Лазе Јанев.

Пред судечкиот совет во апелација, својата жалба денеска ќе ја образложи и Бојан Јовановски кој е осуден на затвор од 9 години. По разгледување на жалбитр на осудените Јанева и Јовановски, Апелациониот суд може да ги потврди.



извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838