Филипче: Граѓаните кои се вакцинираа во Србија втората доза можат да ја примат во Македонија

Граѓаните кои се вакцинирале во Србија, ќе можат втората доза да ја примат во Македонија, најави министерот Венко Филипче за “Сител”.


„Јас веќе утре ќе разговарам со српскиот колега Лончар да видиме дали можеме да ги добиеме податоците електронски за да ги вградиме во нашиот систем. Доколку не, ние веќе попладнево разговаравме да направиме еден модул на сегашниот сајт вакцинација за тие граѓани да можат да се пријават. Тие сигурно добиле термини за ревакцинација, но доколку некој не може, доколку некој сака овде да продолжи, ние да го испланираме тоа во нашиот систем“, рече Филипче.


извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838