Лажен пасош имал Фуад Јусуф, осуден на 15 години затвор за грабежот на пари од Пошти во 2008 година

Меѓу оние кои нелегално добиле пасош со украдени лични податоци е и Фуад Јусуф, учесник во разбојничката кражба на транспорт на пари на Пошти во 2008 година, објави КОД.


Иако е бегалец со меѓународна потерница, осуден на 15 години затвор, Јусуф успеал да извади пасош на туѓо име во управните служби на МВР каде врие од полицајци и службеници. На 22 јануари 2020 година, за време на техничката влада, дошол во Македонија, се сликал за пасош на име Едуард Мале, покажува обвинението кое го анализира вечерашното издание на КОД.


извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838