(ФОТО) СКАНДАЛ: Царовска, честиташе победа „на“ фашизмот!


Неверојатен гаф и се случи денеска на министерката за образование и наука Мила Царовска која на фејсбук наместо да честита победа над фашизмот објави победа НА фашизмот. Царовска својата грешка ја забележала долго откако на јавноста и честиташе 9 мај победа на фашизмот.

Според апликацијата со која може да се видат промените на статусот на Фејсбук, Царовска на својот профил цели педесетина минути честитала нешто што е непојмливо во целата западна цивилизација.

Веднаш потоа нејзината порака “Честит Ден на Европа и Ден на победата на фашизмот” се претвори во “Честит Ден на Европа и Ден на победата над фашизмот”.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838