Ceкоja чecт: Македонија oди нa Oлимпиjaдa – oвa e Македонецот кој обeзбeди oлимпиcка визa


Македонија оди на Олимпијада во престолнината на Јапонија!


Македонскиот репрезентативец Дејан Георгиевски денеска на олимписките квалификации во таеквондо се избори за настап на Игрите во Токио и ја направи горда цела Македонија.


Во исклучително силна конкуренција во Софија, тој обезбеди олимписка норма и вистински ја израдува македонската јавност. Го победи олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан.


Инаку, Георгиевски (+80 кг) е сениорски европски шампион во 2017 година и носител на сребрен медал од Европско првенство во 2020 година.

Георгиевски е вториот македонски спортист кој обезбеди олимписка виза- пред него тоа го оствари борачот Могамедгаџи Нуров.


29060043_2016680208590936_36926234558838