ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА: Удобните фотелји и повеќебројните функции на Костурска ја заслепиле!


РЕАКЦИЈА НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС

Почитувана г-ѓа Костурска СДС покрај сите штетни политики кои ги спроведува веќе 5-та година од кога е на власт, сега со најавените реформи сака да ги уништи и осакати и новите генерации кои треба да бидат иднината на Република Македонија. Добро е битолската јавност да ја запознаете во кое својство Вие го браните овој штетен и опасен нов концепт во образованието: како советник во Советот на општина Битола, како член на комисија за образование на СДС или како заменик Градоначалник на општина Битола? Веројатно на заменичката на градоначалничката ѝ падна тешко да се бори со отпорот од родителите и наставниците кои ја согледаа вистината. Се прашуваме каде е гревот на секој еден родител ако тој е поддржувач или симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ? Сигурни сме дека и револтот како родители и кај членови на СДС е огромен, но силата со која им се закануваат од позиција за власт очигледно ги направи да молчат или јавно да не зборуваат плашејќи се за својата иднина... Жалосно е што удобните фотелји и повеќебројните функции, тотално ве заслепиле и не можете да ја видите реалноста. Притоа би сакале да Ви укажеме зошто поголем дел од родителите се против дигитализација по секоја цена на Мила Царовска, а тоа е дека. Ученикот ќе поминува премногу време на компјутер и таблет! Дали некој од вас се запрашал како ќе се чувствуваат децата од социјално ранливи категории? Велите ќе има фотокопии... дали сме сите еднакви? Не сме! Ова се само мал дел од недостатоците кои ќе се појават со овој ваш штетен концепт кој сакате да го протуркате. ВМРО ДПМНЕ има многу јасен став во однос на понудените штетни реформи, ВМРО ДПМНЕ секогаш била и ќе биде на страната на граѓаните.

Комисија за образование и наука на ОК ВМРО-ДПМНЕ - Битола


29060043_2016680208590936_36926234558838