(ФОТО) Докажано по вторпат: Протоколите важат за сите, но не и за ДУИ и Артан Груби

Артан Груби и неговиот советник, поранешен водач на навивачката група „Шверцери“ Омер Буњаку, објавија слика на која се гледа како 7 луѓе седат на истата маса во време кога протоколите донесени од владата во која токму Груби е Вицепремиер, велат дека максималниот број треба да е четири. На „Фејсбук стори“ Буњаку прикачи слика која веднаш беше реобјавена од вицепремиерот во владата на Заев, Артан Груби.

И ова не е првпат функционери на ДУИ јавно да се фалат како ги прекршуваат протоколите, бидејќи пред само неколку месеци тие организираа роденденска прослава во просториите на Министерството за политички систем на чие чело е токму Груби, на која беа присутни дваесетина лица. Останува да видиме дали надлежните ќе излезат со некаква реакција, осуда или пак ќе ги казнат оние кои ги кршат законите и протоколите.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838