СКАНДАЛ: Локалната власт во Битола повеќе пати се фотографира и промовира со донирaно возило - ФОТО


ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА реагира на скандалозното однесување на локалната власт во Битола која повеќе пати се фотографира и промовира со едно исто донирано возило од февруари:

Почитувани сограѓани, денес гарнитурата на власт само покажа во каква паника живеат во месеците пред конечно, за доброто на сите нас, да заминат во историјата како најлошата локална "цунами" власт која раководела со градот Битола. Денес локалните власти поради својата безидејност и некоординираност по втор пат во неколку месеци промовираат едно исто мултифункционално возило донација од проект за меѓугранична соработка. Несудениот пратеник Козаров денес ги повика амбициозните Петровска и министерот Милевски да се сликаат со возило кое истиот Козаров го објавил како активност на ЈКП Водовод на 04.02.2021 година. И сето ова да не беше тажно веројатно ќе не насмееше со солзи, како проектот "помошно црево" во Ротино, проектот "шахта", "сливник", "мостот" итн. Четири години си играте локална власт, четири години трошите милиони евра наши пари, четири години се изживувате со трпението на народот, резултатот е едно големо ништо.

Време е за промени, доста е!


29060043_2016680208590936_36926234558838