Одобрила 198 лажни пасоши во „Двојник“, доби казна затвор од 2 години и 5 месеци

Оливера Софрониевска, која според обвинението одобрила издавање на 198 лажни пасоши во случајот „Двојник“, доби казна затвор од две години и пет месеци откако и таа денеска ја призна вината. Истовремено забрането и е вршење на професија, дејност или должност во времетраење од десет години.


Максималната казна затвор за делото на обвинетата инаку е три години. Претходно денеска од полициската управа осуден беше и Шемседин Јашари, на кого судот му изрече казна затвор од година и седим месеци. Пред два дена уште шест лица признаа вина за оваа афера од вкупно 11 обвинети. За останатите тројца судскиот процес е во тек.

Во овој случај има 11 обвинети кои во полицијата за пари изработувале 215 лажни пасоши од јуни 2017 до крајот на 2020 година.



извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838