Пендаровски за 27-ми април: Ако има нови докази може да се преотвори процесот

Тој потенцираше дека одлуката дали процесот ќе биде повторен сигурно нема да ја носи некоја политичка партија туку судот. Со оваа моја теза не правам ревизија на судските одлуки бидејќи не гледам причина за такво нешто, тоа е завршена работа луѓето лежат во затвор, ниту велам дека пресудата е донесена без докази, истакна претседателот Пендаровски, по денешната средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Мојот став ако има нови докази кои порано не биле познати може да го преотвори процесот, не значи дека јас заговарам преоптоварување на процесот. Јас само ја цитирам одредбата од законот и законската можност. Според која тие луѓе преку своите адвокати во вонреден правен лек можат да побараaт од врховниот да ги оцени новите докази, ако такви воопштo постојат истакна Пендаровски. Тој потенцираше дека одлуката дали процесот ќе биде повторен сигурно нема да ја носи некоја политичка партија туку судот.



извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838