Мицкоски: Не барам амнестија, туку правда за луѓето кои се осудени за упадот во Собранието

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по едночасовната средба со претседателот Пендаровски во изјава за медиумите потврди дека разговарале за актуелната политичка и економска ситуација и настаните на 27 април 2017 година. – Од она кое можам да го извлечам како заклучок е дека наидов на разбирање од страна на претседателот Пендаровски. Она коешто е реалност поврзано со тој случај е основното човеково уставно право на жалба и второстепена судска одлука на лицата осудени за настаните од 27 ми април во моментот е завршена и за жал најголемиот дел одлуката ја немаат добиено за да може да ја искориститат вонреден правен лек, рече Мицкоски по средбата со Пендаровски.

Тој рече дека Апелациониот суд има донесено одлука во февруари, а сега сме мај и се уште тие ја немаат добиено одлуката. Исто така, апелирарше до политичарите да ги тргнат рацете од судството и дека тука мисли на врвот на власта. – Доколку политичарите и тука мислам на врвот на власта ги тргнат рацете од судиите и обвинителите и престанат да дивеат, тогаш најголемиот дел од обвинителите и судиите ќе обвинуваат и судат согласно словото на законот, потенцираше Мицкоски.

Тој рече дека не бараат амнестија, туку правда за луѓето кои се осудени за упадот во Собранието.

Мицкоски вели дека треба да има повторен судски процес, и нема луѓето да бидат, односно според него не постои основ овие луѓе осудени за 27 април да бидат осудени како терористи.

– Никогаш нема да престанам да се борам за безусловна правда за сите граѓани. Ќе се борам до последна капка крв за секој еден граѓанин на нашата Македонија, рече тој. Зборувале и за економската состојба во државата, за криминалот и корупцијата. Темата на дискусија биле инвестициите кај јужниот сосед, и се договориле со Пендаровски да одржуваат контакт за теми кои се важни за земјата и граѓаните.



извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838