ФОТО I Голема акција на „Тигрите“ во Чаир – запленето оружје


Од МВР известуваат дека денеска во координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, СВР Скопје – Одделение за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи и Агенцијата за национална безбедност, по претходно издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, лишен е од слобода И.А.(47) од Скопје. Имено, при извршен претрес во негов дом и помошни простории на подрачјето на општина Чаир, кај пријавениот се пронајдени рамка од автоматска пушка со 30 куршуми 7,62×39мм, ловна пушка „Fabran“, пумпарица „SDASS“ кал.12/76мм, полуавтоматска пушка од југословенско производство кал.7,62мм и осум ловни патрони.

И.А. е приведен и задржан за понатамошно постапување и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 од Кривичниот законик.

изввор: lider.com.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum