Пpoтeчe „кaтиљ фepманот“ на АНБ за Орце Камчев – во белешката нeмa дoкaз дека подготвувал бегство


Сигурно сте го слушнале името на Лаврентиј Берија, и повеќе од сигурно тоа било во контекст на опишување на политичка репресија или репресија на слободата на говор и делување. Најчесто, неговото име го користи опозицијата кога сака да ја опише технологијата на владеење на владејачката клика во државата, но ретко кој знае кој бил Берија.

Тој бил шеф на озогласената НКВД, Советска тајна служба позната по своето делување, политичка репресија и спореведувањето на „Големото чистење“ под палка на Јосиф Сталин.


НКВД своевремено превзема масовни акции за егзекуции без судски процес на незнајни бројки на граѓани. НКВД е одговорна за осмислување на Гулагот како систем, но и работничките концентрациони логори за политичките затвореници.

Ако се ова ви звучи познато, тоа е затоа што во Македонија овој систем на големо е основната технологија на владеење.


И ако досега ваквите тврдења биле врз база на претпоставки, отсега, по објавувањето на службените белешки на АНБ во врска со следењето на Орце Камчев, која служи за негово притварање, јасно е дека Берија живее на Илинденска бб, се бори за амбасадорско место во Белград, а неговото име е Викторијо Димовски.

Зошто Јордан Камчев бил предмет на обработка на АНБ?

Законските овластувања на АНБ се предвидени во Закон за агенција за национална безбедност, а согласно своите надлежности утврдени во истиот закон Агенцијата собира, обработува, анализира, проценува, разменува, чува и штити податоци и информации со цел откривање и спречување на активности што се поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата согласно член 4 и тоа: шпионажа, тероризам и негово финансирање, насилен екстремизам и други активности поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата и сл односно дела кои ја загрозуваат националната безбедност на државата.


Ниту една од овие претпоставки за Камчев не е потврдена, АНБ нема овластување од Врховниот суд, што значи дека неговото следење е незаконско.

Дали Јордан Камчев претставува закана по националната безбедност?


Дури и да ги добиле овие информации, во АНБ имале должност овие сознанија да ги поткрепат со докази, кои ќе ги обезбедат преку барање до Врховниот Суд да дозволи ПИМ мерки за следење на лицето Јордан Камчев, или преку оперативно следење. Спротивно на тоа, тие без обезбедување на докази ја дале оваа информација до Јавниот обвинител Лиле Стефанова. Чиста злоупотреба на службената положба на во АНБ, за која злоупотреба некој ќе мора да сноси одговорност. Кривична одговорност постои и за Јавниот обвинител Стефанова – нормално Берија не може да работи сам, која врз основа на напишани непотврдени сознанија без обезбедени докази докази предложила мерка ефективен притвор. Кривична одговорност и за судијата на претходна постапка кој ја одобрил мерката без да има докази за тврдењето дека бизнисменот Јордан Камчев се подготвува за бегство. Кривична одговорност би требало да има и за судиите од Кривичниот Совет кој по истиот скандалозен основ, ја продолжија мерката притвор!


И тука паѓа во вода целосната „борба“ на шарената револуција. Се сеќавате нели, како врескаа дека мора да се стави крај на Сашо Мијалков кој наводно ги злоупотребувал системите за следење, иако не успеаа да приложат ниту еден доказ?


Сега, шо прајме?


Нееднаквост во оружјата на одбраната и обвинителството!


Иако според Закон за Кривична постапка, член 70 Судот и Обвинителството е должно да ги презентира доказите врз основа на кои ја изрекува мерката притвор, тие истото до ден денешен и покрај сите инсистирања на одбраната не го направиле. Дури и да се работи за класифициран документ и службена тајна, тие се должни да ги презентираат истите откако адвокатот и одбраната им презентираа безбедносен сертификат.


Дополнително одбраната во два наврати се обраќа до АНБ. Во првиот случај со барање, според член 53, од законот за Агенција на Национална безбедност, лицата наведени во белешката бараа да им се дадат податоци дали се следени на законски начин, односно преку дозвола на Врховен суд и ОТА или преку оперативно работење. Таа информација АНБ била должна да ја приложи но истото до сега не го сторила. Во вториот случај, со доставување на безбедносен сертификат адвокатите бараат да добијат увид во белешката. Тука се посатвува легитимното прашање- зошто АНБ ја крие оваа белешка?


Во белешката скандалозно се тврди дека Јордан Камчев имал средба во Берово со странска служба, подготвувајќи бегство во Бугарија- средба за која одбраната на Камчев тврди дека никогаш не се случила. Дека спремал престој во негов стан во Бугарија – стан кој повторно одбраната тврди дека не постои.


Уште поскандалозно е дека како основ за сомнеж за бегство се наведува фактот дека имал болница во Бугарија. Таа информација не е тајна – туку е една од работите со кои Орка Холдинг се гордее, тврдат од одбраната на беизнисменот, и се јавно објавени на веб страната на Холдингот- дека се коспоственици со Светска Банка и Аџибадем во Болница во Бугарија!


Димовски, амбасадор во Белград!

Викторијо Димовски, дипломат, а сегашен директор на АНБ беше спречен да добие безбедносен сертификат од НАТО токму поради неговата врска со српските, и поранешните безбедносни служби на СФРЈ.

За таква соработка беше обвинет и од страна на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов кој го нарече Димовски – бандит, а неговата група – српски бандити и шпиони.

Една недела по изрекуањето на мерката притвор врз основа на оваа скандалозна белешка тогашниот министер за одбрана на Р.Бугарија – Каракачанов, во врска со овој случај изјави: „– И тие информации дека бугарски агенти му помагале на Јордан Камчев да организира бегство од Македонија се целосна глупост. Лага на Виктор Димовски и неговата банда“, тврди Каракачанов, објаснувајќи во изјава за Инфомакс дека за тоа не постојат никакви докази.


Сега, за Димовски постои информација дека неговата амбиција е амбасадорско место во Србија.


Одбраната спрема апликација до Европскиот Суд за човекови права, за ваквиот скандалозен начин на лишување на лице од слобода и изрекување мерка притвор.


Зошто АНБ не ја дава на увид оваа белешка и доказите кои ги „прибавиле„ до Собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ? Пратениците биле известени дека причина за тоа е бидејќи е истрагата сеуште во тек! Уште една ноторна лага на директорот на АНБ. Истрагата за случајот „плацеви на Водно„ е завршена!


A.Митовски

Извор: Инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838