(ВИДЕО) Хит на социјалните мрежи: Џони Деп пцуе на српски јазик


Холивудската ѕвезда Џони Деп во најавата за документарниот филм „Крека: Ловец на соништа“, пцуе на чист српски јазик, со што ги насмеа сите.

Имено, Деп го најави документарниот филм во режија на Слободан Иветиќ во друштво на најпознатиот српски сценограф Миљен Крековиќ Крека:

– Је*и га! Хајде да се напијемо, изговорил холивудскиот актер на српски јазик и со тоа ги воодушеви присутните, но и оние што ја гледаа оваа објава.

Освен Џони Деп, во оваа остварување ќе зборуваат и режисерот Бери Левинсон, продуцентот Мати Лешем, како и кинематографот Виторио Стораро. Филмот премиерно ќе биде прикажан на овогодинешниот ФЕСТ, на 16 мај.

29060043_2016680208590936_36926234558838