ПЕЦЕ МИЛЕВСКИ СО РЕАКЦИЈА ЗА УНИШТЕНИОТ ДРВОРЕД ВО ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛА ПОБАРА ОДГОВОРНОСТ


Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ -Битола, Пеце Милевски остро реагираше за уништениот дрворед пред поштата во центарот на Битола:


Наташа и понатаму го гледа светот однаопаку. Едно ветуваше - друго прави. Се сеќавате на бунтот за кружниот кај споменикот на Александар Турунџев ? Имаше бунт за две дрвца кои требаше да се отстранат заради кружниот тек кој требаше да се изгради ? Па имаше станари, невладини организации и сите тие вљубеници во СДС и во Наташа, повикаа медиуми, а тие толку чекаа, па ВМРО вакво, такво ... Наташа и СДС како не вие срам на сите топтан кои со лагите "за едно пресечено ќе засадите две нови дрва" и таков тип на лаги дојдовте на власт.

Сега за кој се работи или толку беше ? Сега ништо нема да гушкате ? Нема да се фатите за некое стебло ?

Сега се работи за неспособноста на СДС и за Наташа која нема појма кај е и што прави. Сега за ВАС се работи. Сите лажни душегрижници за Битола, советници, сите ваши НВО, сите лажни активисти. Доста ви е! Ве видовме во вистинско светло. ОСТАВКИ ! НЕСПОСОБНИ !





29060043_2016680208590936_36926234558838