Заев: Бугарија бара да ги утврдиме нашите корења


Премиерот Зоран Заев при денешната посета на Ресен рече дека Бугарија не го спори македонскиот идентитет и македонскиот јазик, туку дека бара да се „утврдат македонските корени“.


- Бугарија признава и кажува дека тие немаат проблеми со македонскиот јазик и со македонскиот народ, но ајде викаат да ги утврдиме корењата. Ќе ги најдеме и корењата ако ако бидеме паметни на европски начин. ние сме почитувачи на нашето минато, но сме обврзани да ја креираме и нашата иднина колку што е можно подобро. Мал ни е регионот, колку повеќе се сплотиме, толку повеќе благодет ќе имаме, рече Заев.


Премиеорт ова го изјави по вчерашната изјава на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој рече дека може да се разгледа и таа опција Македонија, доколку нема договор со Бугарија, да заостане во однос на Албанија во пристапниот процес.


gif

извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838