ВИДЕО I Се Мобилизира албанската дијаспора, попис се спроведува и во сендвичара!


Советот за попишување на албанската дијаспора на РСМ во Белгија се приклучи на повиците за мобилизација на дијаспората и веќе ги отвори своите канцеларии каде што граѓаните кои сакаат да го остварат правото на попис можат да одат од понеделник до петок во канцеларијата со адреса; „Chausse de Helmet 278 Schaerbeek“ од 16.00 до 17.00 часот.


Додека секоја сабота и недела на адреса; „General Eenens 43“ во Шербек, од 14,00 до 18,00 часот, исто така, граѓаните на РСМ кои живеат во Белгија можат да побараат помош при попишување. Од овој Совет, за Клан Македонија велат дека до денес во 11.00 часот се попишани 3.246 граѓани, кои според нив, од 50 до 60% од оваа бројка се регистрирани со помош на овој Совет. Се известува дека во Белгија, според некои податоци, живеат над 6.000 Албанци државјани на Македонија. За повеќе информации, граѓаните на РСМ кои живеат во Белгија можат да ја посетат Фејсбук страницата на Советот.


Видеото може да го погледнете тука.



курир.мк


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum