Мицкоски и Пендаровски разговарале за 27 април – Во петок договорена и средба

Во текот на денешниот ден бил остварен телефонски разговор помеѓу претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со изјавата на претседателот за 27 април дадена пред неколку дена на Канал 5 телевизија.

При телефонскиот разговор договорена е тет-а-тет средба помеѓу лидерот на опозицијата и претседателот на државата во петок попладне на која главна тема ќе биде 27 април, а ќе се разговара и за политичката и економската состојба во државата.

Во изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Петровец, во врска со случајот од 27-ми април и настаните во Собранието порача дека Македонија е единствена земја со толку „терористи” по затворите и огромен број на драконски казни, тој вели дека побарувањата се во насока на безусловна правда за секој еден граѓанин, ништо повеќе од тоа.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ја подржува борбата за правда, не поддржува насилства, но во Македонија постои судска пракса да дел од случаевите во кое има основано сомневање дека биле политички инструирани, започнуваат во повторно судење и од почеток за да се аргументираат позициите на двете страни од едната страна на обвинителството од другата страна на лицата којшто се обвинети тоа е она за коешто залага партијата. Мицкоски во повеќе наврати побара повторно судење за случајот 27 април.

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски ја шокираше јавноста минатата недела откако изјави дека 27 април не е тероризам, а луѓето кои влегоа во Собранието не се терористи. Тој посочи дека поддржува повторно судење за случајот.

Пендаровски се согласи и со барањата на уставобранителите, но и лидерот на опозициајта дека случајот „27 април“ треба да почне од почеток доколку има нови докази.

-Говорите за изјавата на Мицкоски јас мислам дека тоа е изјава на место, не мислам дека треба да се бранат тие луѓе бидејќи ја нападнаа демократијатам, не нападнаа сите нас избрани пратеници меѓутоа единствена начин со кој можеш да ја расчистиш маглата околу целиот тој настан со нови докази и сведоци да бараш преотворање на тој случај. Јас инсистирам како легалист до смрт ние мораме да одиме по правните процедури. Не можеме да кажеме не се виновни или се борци за слобода, а овие другите велат дека се терористи. Имате нешто плус непознато кое не било познато во време на изречување на казните, доказ изнесете го, додаде тој.

Тој потенцираше дека најдобро решение за да се расчисти маглата околу случувањата на 27 април би било повторно судење.

-Во овој момент јас поддржувам преотворање на процесот ако има нови докази и нови сведоци кои ќе го осветлат случајот од друг аспект кои што ќе кажат дека не било баш така докажано на првото судење, можеме да разговараме за тоа. Коа би ме прашале за правен совет, јас би одел во таа насока, вели Пендаровски.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838