Скопјанец cpeде Центар се шетал со мачета

Полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар синоќа во 23.15 часот, од слобода го лишиле К.Т.(35) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена мачета, со што сторил прекршок од Законот за оружје.


Како што соопштија денеска од МВР, тој постапил и спротивно на член 206 од Кривичниот законик, односно не ги почитувал донесените мерки за забрана за движење по 21.00 часот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838