Продолжува бојкотот на наставата, родителите повикуваат на протест пред секое училиштe

Бојкот на наставата и денеска продолжи во некои училишта ширум земјава и покрај тоа што е договорена работна средба помеѓу претставник на МОН и воспитувачката Драгана Спасевска, која е претставник на Фејсбук групата родители против дигитализација на наставата. – Моите две деца и денеска не се на настава, но за жал часовите си течат, а оние кои не се на настава си добиваат неоправдани изостаноци – вели Сашко Јорданов за „Слободен печат“, родител на основец од Струмица. Иако состојбата со бојкотот е слична како вчера, родителите денеска повикуваат на бојкот пред секое училиште во секој град во земјава, а веќе има и конкретен повик за собир на родители на плоштадот во Велес. „Колку не има од Велес и Велешко утре во 18 часот сите на плоштад да се поддржиме, за децата се работи“, стои во повикот на една родителка во групата „Учебници и настава мора да има“, а со неа се согласуваат и повеќе родители.

– Ние веќе собираме потписи во Велес против дигитализацијата. Се надевам дека ќе излеземе и на протест – вели Мирко Петров, родител на ученик од ОУ „Васил Главинов“ од Велес.

Останува да се види како ќе помине средбата со МОН, по која ќе се знае дали родителите и официјално ќе излезат на протест пред министерството или сепак ќе се најде заеднички компромис.



извор: слободен печат

29060043_2016680208590936_36926234558838