Османи: Граѓаните од дијаспората можат да бидат попишани и преку нивните роднини во земјава

„МНР ги активираше сите механизми за да стигне правата информација до граѓаните во дијаспората. Отворивме телефонски, имавме и средби и затоа сметам дека има доволен временски период за да се попишат што повеќе граѓани во странство“, изјави утрово министерот за надворешни работи, Бујар Османи на прашањето дали и зошто има слаб одзив на дијаспората од Канада и Австралија во поглед на попишувањето.


Тој уште еднаш ги повика сите граѓани да бидат активни во спроведувањето на пописот.


„Процесот е лесен. Друг механизам е да се попишат и преку нивните роднини и пријатели што се овде, но нормално како дел од дијаспората“, вели Османи.


извор: вечер

29060043_2016680208590936_36926234558838