Зошто Благодатниот Оган секогаш Го дочекува Православен патријарх


Благодатниот оган секоја година слегува во вид на светлина од небесата и ги запалува свеките на православниот патријарх кој пред тоа има посебни подготовки со пост(без да вкуси ништо од Цветници), молитва итн.


Но, нечестивиот помогнал и во 16 век Ерменците со измама ги поткупиле Ерусалимските власти и за дочекувањето на Благодатниот Оган бил избран нивниот патријарх. А на православниот му било забрането воопшто да влезе во Храмот.


Затоа Патријархот и останатиот православен народ останале пред порите на Храмот на Христовото Воскресение.


А не биле свесни подмолните , дека со оваа постапка само ќе ја потврдат Православната вера како единствена ВИСТИНСКА права вера.Имено, се случило вака: Православниот Патријарх стоел пред портите на храмот, во молтва и со сите претходни припреми како вообичаено и во рацете држел 33 свеќи како и сите други, а Ерменскиот бил внатре на Гробот Господов очекувајќи го слегувањето на Благодатниот Оган .


Но, ако ги излажале Ерусалимските власти, Бог неможе никој да Го излаже, па така Благодатниот Оган во вид на светлина, со брзина на молња удира во средниот столб пред портите и со пламен се запалуваат свеќите на Православниот Патријарх. Во радост сите воскликнувале Алилуја Алилуја Христос Воскресна! А Ерменците останале посрамени.


Сето ова што се случило го видел еден муслиман кој бил на прозорот над портите. Од страв и вчудоневиденост тој паднал одозгора , но по Божја промисла останал жив. Тогаш тој Го признал Исус за свој Бог и рекол дека верува во Него. Поради тоа бил погубен од муслимани и така крстен во сопствената крв тој станал Христов маченик.


Имало и уште еден случај предходно кога други сакале да го дочекаат Благодатниот Оган, но тогаш воопшто не слегол , а после овој настан до ден денешен никој не се осмелил на такво нешто. Слава Ти Господе на Твојата голема милост!

Извор: Православие.мк


29060043_2016680208590936_36926234558838