Силјан Мицевски: Ми беше кажано зад проектите за домови за стари лица стои Владата

Бизнисменот Силјан Мицевски, сопственик на компанијата „Пелистер”, на денешното сослушување на рочиштето за случајот „Меѓународен сојуз” изјави дека сумата од 720.000 евра што ја дал за проектите за домови за стари лица, не му е вратена.

Тој истакна дека ако заврши вака, ќе се чувствува измамен, додавајќи дека на една од средбите во „Меѓународниот сојуз“ му било речено оти зад проектот со домовите за стари лица стои Владата. – На еден состанок на „Меѓународниот сојуз“ јас прашав како може да се откупи земјиште без градежно одобрение и тука ми беше кажано дека тоа е проект на владата и ќе оди со европско знаме, изјави сведокот Мицевски, додавајќи дека не се сеќава кој точно му го кажал тоа.

Во својот исказ пред Судот тој уште изјави дека имал голема доверба во Бојан Јовановски.


извор: fokus.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838