ПАДНА ОДЛУКА: Утре целосен бојкот на наставата во Македонија

Фејсбук групата „УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА! LIBRA DHE MËSIM PATJETËR TË KETË!“ попладнево најавува дека учениците од утре уште помасовно ќе ја бојкотираат наставата. Во групата главно членуваат родители, а администратор на групата е Драгана Спасевска. -Почитувани Родители Во врска со денешните активности и поднесувањето на нашето барање во МОН Ве известуваме дека Утре 29.04Четврток, ќе има Целосен Бојкот на Наставата Со Физичко присуство и ОНЛАЈН, во сите Основни и Средни Училишта со цел да ја сфатат сериозноста на нашите барања!, објавено е во групата. Администраторката Спасевска објави пост во кој им се обраќа и на медиумите кои ја следат групата и напиша: -ГЛЕДАЈТЕ МЕДИУМИ !!!! УТРЕ ЦЕЛОСЕН БОЈКОТ НА НАСТАВА И ЗА ТИЕ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО И ЗА ОН ЛАЈН! Неформална група граѓани здружени на Фејсбук со иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска пред Министерството за образование и наука побараа да се стопира постапката за донесување на законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование и за утре најави бојкот на наставата.

Иницијаторите побараа од Министерството да се организира јавна расправа за предложениот закон, а нивни стручни претставници непосредно да учествуваат во негова ревизија и интервенции. Според нив, предлог-законот не ги решава проблемите што постојат во образованието и генерира нови, има и недоследности и импликации во останатите закони што се однесуваат на образованието во земјава. – Законот не е во интерес на иднината на децата, нивното физичко и ментално здравје, развојот на нивниот потенцијал, а непосредно ќе се одрази и на здравјето на родителите, наставниците и останатите инволвирани во образовниот процес, изјави Драгана Спасевска, која рече дека е воспитувачка од Битола и мајка на три деца, а фејсбук-групата има над 70 000 приврзаници.

извор: фокус


29060043_2016680208590936_36926234558838