Македонија paj зa кpиминaлoт: Koj Tуpчин избeгa co 2 милиjapди дoлapи во Македонија?

Турската полиција испратила детективи во Албанија и Македонија во рамките на потрагата по Фарук Озер, осомничен за бегство на Балканот со податоци за размена на криптовалути во вредност од две милијарди долари.

Потерата по Озер започнала минатата недела, откако клиентите на неговата компанија „Тодекс“ не можеле да подигнат пари, по што започнааа бран на шпекулации дека на повидок е голема измама.

Веднаш потоа, турските власти објавија дека Озер е во Албанија, па затоа беше распишана меѓународна потерница за него, но албанската полиција се уште не успеала да го најде.

Освен во Македонија и Албанија, турски агенти биле испратени и во Црна Гора и Косово, пренесува „Хуријет“.

Турските власти тврдат дека сопственикот на „Тодекс“ оштетил околу 390.000 корисници на платформата за размена на криптовалути.

Досега се уапсени околу 70 лица кои се осомничени дека биле дел од измамата, но повеќето од нив набрзо биле ослободени.

Во Албанија, во исто време, биле уапсени две лица кои го пречекале Озер на аеродромот во Тирана, но при претресот на нивните куќи не било ништо значајно.

Обвинителите во Истанбул започнаа истрага во четвртокот откако берзата на Озер нагло се затвори во средата и Озер ја напушти земјата со украдените инвестиции на стотици илјади инвеститори.

Компанијата на Озер со седиште во Истанбул, Thodex Exchange, ја продаваше дигиталната валута dogecoin, основана во 2013 година, за една четвртина од својата пазарна вредност.

Податоците на пазарот од 17 април покажаа дека компанијата тргувала со dogecoin во вредност од над 500 милиони долари во рок од 24 часа, но инвеститорите започнале да изразуваат загриженост кога сфатиле дека не можат да ги продадат или пренесат.



извор: infomax.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838