ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОК ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ


Делегација предводена од Пеце Милевски претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола оддаде почит на загинатите бранители од Битола во војната 2001 година. Масакрот кај Вејце е најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија.

Масакрот се случи на 28 април 2001 година откако од заседа и ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“.

Имињата на битолските бранители Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски вечно ќе бидат запаметени како херои кои загинале за зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.


29060043_2016680208590936_36926234558838