И полицијата гневна на власта. Следната недела излегува на протест: За ред, за правда – ДОСТА е веќе


Синдикатот на полицијата во Македонија во сабота излегува на протест под мотото „За ред, за правда, за дисциплина – Доста е веќе“. Протестот ќе започне во 11:30 часот на 08.05 пред канцелариите на Европската Унија и ќе продолжи до Владата на Република Македонија.

Синдикатот излегува на протест со цел да им се остварат барањата за подобри услови за живот и работа: – Тендер за сите видови на униформа во Полицијата, – СТОП за незаконските распоредувања, – ДОДАТОК за борбата против коронавирусот, – НОВ Колективен договор во МВР со учество на сите Синдикати, – ПРОФЕСИОНАЛЦИ на чело во МВР, – Доста – СТОП за МОБИНГОТ, – Подобри услови и права за ПОДОБАР ЖИВОТ, ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО, – СТОП за пресметка со СИНДИКАЛНИТЕ ПРЕСТАВНИЦИ, – ЗГОЛЕМУВАЊЕ на ПЛАТИТЕ во Полицијата

29060043_2016680208590936_36926234558838