Средношколците против Царовска: Дигиталните учебници предизвикаа бојкот на наставата


Во текот на ноќта средношколци од повеќе гимназии се организираат за бојкот на наставата.

Повикот за бојкот e поради вчерашната вест дека е испратен во парламентот законот усвоен на Влада со кој постепено ќе се воведат дигитални учебници. Пораките се разменуваат преку Вибер и Фејсбук, а се проширија речиси во сите средни училишта. Од утрово пораки преку истите социјални мрежи испраќаат и директори на училиштата кои ги повикуваат наставниците на итен состанок со физичко присуство.

Пораки со повик за бојкот на наставата се проширија од струмичките училишта сѐ до скопските „Јосип Броз Тито”, „Орце Николов”, „Никола Карев”, „Корчагин”… Воедно, учениците не спијат, разменуваат пораки, се храбрат да ја бојкотираат денешната настава, им јавуваат на класните раководители, пренесува МКД.МК.

И наставниците беа будни и се активни на социјалните мрежи, до колегите испраќаат пораки со кои информираат за пораките што ги добиле од учениците, разменуваат мислења како да постапат и што да прават во врска со наставните планови имајќи предвид дека училишната година е при крај, а се прават и подготовките за државната матура и интерните испити.

Првиот час во некои училишта веќе е бојкотиран, во други е одржан. Неизвесно е како наставата ќе се одвива денеска.

Директорите свикуваат итни состаноци на наставничките совети, некои од нив со физичко присуство иако наставата се одвива онлајн.

извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838