Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола оствари средба со Претседателот на Демократски сојуз на ромите


Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ оствари средба со Претседателот на Демократски сојуз на ромите.


На средбата се разговараше околу актуелната состојба на Ромите во Битола и Македонија. Ромите денес ја немаат потребната поддршка од државата, напротив тие како и сите други граѓани го живеат ова тешко секојдневие на сиромаштија, нееднаквост и разградување на институциите. Подобрувањето на економскиот стандард на граѓаните, вклучително и на припадниците на ромската заедница, ќе остане врвен приоритет и во иднина за ВМРО-ДПМНЕ. Токму на тој начин ќе овозможиме унапредување на општествениот статус на Ромите во државата кои се нераскинлив дел од нејзиното минато, сегашност и иднина.


29060043_2016680208590936_36926234558838