Д-р Таше: Во среда ќе ја презентираме цела вистина за опструкциите на Наташа Петровска со докази!


Почитувани новинари и медиуми,

Ве известуваме, дека денешната прес-конференцијата која ја одложивме со цел да ги собереме сите релевантни факти по обвинувањата кои пристигнаа на наша адреса по најавувањето на пресот, во петокот, ја презакажуваме за 28.04.2021-среда во 10ч пред Болницата Плодност.

Ќе ви ја презентираме во целост вистината за опструкциите кои ги имаме од страна на Градоначалничката Наташа Петровска за проект вреден 3 милиони евра за кој подигнавме банкарски кредит и ќе докажеме дека нејзината последна изјава дека Болницата Плодност е дивоградба е неточна со документирани факти и докази.

Со почит, Прим. Д-р Таше Трпчевски

#ПоддршкаЗаПлодност


29060043_2016680208590936_36926234558838