ФОТО I РЕКА НАРОД: Македонците чекаат ред за вакцинирање во Белград!


Медиумите во Србија од утрово известуваат за големи гужви на Белградскиот саем каде се спроведува масовна вакцинација на населението.

Но она што е различно овој викнед е што поголем број од оние кои денеска и утре имаат термини за вакцинација се државјани од речиси сите земји од Западен Балкан. Според изјавите на лицата кои го одржуваат редот, има државјани од Макединија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, но и од некои европски земји: Германци, Холанѓани и Словаци, објави Би-би-си на српски јазик.

Утрово километарски колони имаше и на граничниот премин Табановце, за излез од Македонија.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum