(ФОТО) Еве како беше на сенародниот протест за слобода на уставобранителите


На протестот се бараше и оставка на Владата. Истиот заврши пред Собранието Со извици „Никогаш северна, само Македонија“, и пеење на „Море сокол пие вода на Вардарот“ и „Едно име имаме“, започна мирниот протест пред Владата со кој се бара ослободување на осудените за упадот во Собранието на 27 април. На протестот се бараше и оставка на Владата. Истиот заврши пред Собранието.

Организаторите на протестот апелираа учесниците да се придржуваат до протоколите за време на пандемија и се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти базирани на етничка и верска основа.

Учесниците на протестот носат транспаренти и маици со кои се бара безусловно ослободување на затворените за 27 април, кои се осудени за упадот во Собранието во 2017 година.

Според организаторите на протестот, обвиненијата за тероризам на затворените за 27 април се политички монтирани. Тие бараат Врховен суд да го поништи судењето и да има ново, оти имало лажни сведоци. Учесниците на протестот пеат патриотски песни и скандираат „Никогаш северна, само Македонија“, како и „Слобода за браќата“. Тие побараа и оставка од Владата и избори. Македонската химна ја изведоа оперскиот пејач Игор Дурловски и пејачката Андријана Јаневска. Дурловски беше еден од обвинетите за настаните од 27 април, 2017 во Собранието, но беше ослободен. За влезот во Собранието во 2017 година, судечкиот совет предводен од судијката Добрила Кацарска пресуди вкупно 211 години затвор за обвинетите во овој случај. Апелација подоцна ги намали казните, но за само една и две години.

извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838